Во среда, на 18 јули 2018 година, во рамките на ИПА- проектот WE MAKE – женско претприемништво за конкурентност, во големата сала на Општина Струга, со почеток во 11 часот, ќе биде одржана тркалезна маса на која ќе се презентираат проектните цели, но и ќе се воспостави комуникација и релација помеѓу локалните стејкхолдери од Југозападниот регион. Целта на тркалезната маса е да се разговара за важноста на учеството на жените во претприемништво, економската стабилност, активното учеството на активните чинители вклучувајќи ги институциите, локалните и регионалните тела, подготвеноста на целната група за поддршка и учество во јакнење на женското претприемништво, како и да се објаснат очекуваните резултати од нивното залагање.
Проектот го спроведуваат GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска и Здружението на бизнис жени, финансирани преку ИПА, во текот на целата 2018 и делод 2019 година. Организациите спроведувачи активно реализираат активности, во повеќе фази, со повеќе општествен партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, завработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира, односно во Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари