Трката со патки во Струга е одложена за 6-ти јули

- Локални
1097

Во организација на Кочва Мала и Винска куќа, на 6-ти јули, за прв пат во Струга ќе се одржи трка со плчастични патки, а дел од средствата што ќе се соберат на настанот ќе бидат наменети за деца со посебни потреби.

Првичниот датум за одржување беше 3-ти јули, а одложувањето е поради тоа што периодов се чисти реката Црн Дрим.

Како што информираат организаторите, од Мостот на поезијата точно во 19:00 часот истовремено ќе бидат пуштени 1000 пластични патки,  a целта ќе биде чаршискиот мост.

Наградата за ,,најбрзата патка“ е 1000 евра.

Билтетите се во продажба во Кочва мала, Винска куќа, Дуќан и Пливалиште.

На секој билет има број, така што, сите присутни ќе имаат своја патка со која се натпреваруваат.

Веднаш после трката, во Кочва мала на барање на стружани ќе се одржи ново издание на ,,Пиво фест“.

Strugaonline

Facebook Коментари