,,ТУИ-Холандија” воведува нов чартер лет до Охрид

- Локални
917

Тур-операторот „ТУИ-Холандија“ оваа година ќе воведе уште еден чартер лет до Охрид, така што ќе има пет лета неделно, најави директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија, Лела Крстевска на отворањето на Саемот за туризам на Скопски саем.

Според најавите на странските тур – оператори, заклучно со минатиот месец има зголемување од 32 проценти на вкупните резервации за лето 2017 година.

Крстевска истакна дека исплатата на субвенциите за поддршка на трузмот е почната и е во процес, а наредните денови треба да се извршат плаќањата.

– Странците сакаат да го видат тоа што претежно не можат да го видат во своите земји. Руските туристи кои доаѓаат, а очекуваме годинава се повеќе да пристигнуваат, сакаат да ги видат обележјата од христијанството, односно споменици на културата и културно наследство од тој период. Младите најмногу се заинтересирани за авантуристичкиот туризам, рече Крстевска.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари