Убавината на дрвото и вештината на д-р Милош Мојсоски Копаничар

- Локални
554

Подгоречките жители имаат ретка можност да се сретнат со традиционалната македонска дрворезба – низ делата на д-р Милош Мојсоски, пензионер од село Подгорци Струшко, кој ја претставува уметноста на копаницата како тивок, но моќен јазик на меморијата. Изработени од ореово дрво – материјал со благородна текстура и цврст карактер – овие дела се хроника во дрво. Секоја копаница носи мотив, гест, секојдневие, емоција-изработена со рака, трпение и знаење пренесено низ генерации.

Копаничарството во Македонија има долга и богата историја, традиција вградена во духот на голем број генерации задоени со генот на народното творештво, кои оставиле драгоцени копаничарски дела. Резбарските тајфи на Фрчкоски, кои оставија врвни копаничарски дела низ целиот Балкански Полуостров (иконостасите, царски дворим, архијерејски тронови и др.), поттикнаа голем број вљубеници во копаничарството да ги следат патиштата трасирани од нов.

Внимателно, трпеливо, прецизно и макотрпно се препуштиле на своите чуства пренесувајќи ја нивната љубов со вградување душа на дрвената основа. Низ нивните дела продолжуваат да живеат минатото и сегашноста како патоказ кон зачувување и грижливо негување на богатата традиција.

Мотиви за инспирација наоѓа во секојдневното живеење, духовноста на црквата, како и различните мотиви од историското минато. Ликовите во иконите и историските мотиви ги изработува со посебно внимание и прецизност. Интересни се и неговите скулптури, трудољубиво и минуциозно обработени (на пр. крлуќи, стапови со глави на влекачи и други животни), како и други предмети на кои доминираат мотиви од флората и фауната со кои се украсени многу домови.

За работа користи повеќе техники: плитка и длабока резба, Милош Мојсоски со копаничарска работа започнал во 1990 година, усовршувајќи го својот талент и создавајќи чудесни и трајни дела. Внесувајќи ја целосно својата душа во дрвото, има создадено над педесеттина  дела со различни содржини инспирирани од секојдневието на човечкото живеење, од историското минато и од црковната духовност. Покрај историски ликови и ликови на светци, во неговите дела преовладуваат мотиви од флората и фауната. Комбинацијата на талент и хоби ги преточува во трпение и смиреност.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

Facebook Коментари