Охрид продолжува да ги претставува своите културни, природни и историски знаменитости. Овој пат учествуваше на Меѓународниот саем за културен туризам и филмски фестивал во Велико Трново, Р. Бугарија.
Штандот на општина Охрид беше посетен од многубројните посетители кои изразија особен интерес да го посетат Охрид. Штандот беше посетен од бугарскиот министер за култура Рашко Младенов и министерката за туризам Стела Балтова, кои изразија заинтересираност за активностите на општина Охрид во насока на зголемување на туристичката понуда.
На саемот Охрид беше претставен како атрактивна туристичка дестинација со историските знаменитости, природните богатства, различните форми на активен туризам, како и богатата содржина на сместувачките капацитети. .На саемот освен Охрид , учествуваа претставници Р. Бугарија, Турција, Виетнам, Јужна Африка, Португалија, Шпанија, Индонезија.
Фото : ohrid.gov.mk
Facebook Коментари