Лев банер Десен банер

Ученички од СОУ ,,Нико Нестор“ учествуваа на работилницата ,,Враќање во иднината“ во Скопје

Ученички од СОУ ,,Нико Нестор“ учествуваа на работилницата ,,Враќање во иднината“ што од 31-ви мај до 2-јуни се одржа во Скопје.
Настанот се состоеше од интерактивни работилници на четири теми: ,,Графити”, “Мултимедиа”, ,,Активизам преку облека” и Музика.“
-На работилницата учествуваа ученичките Арлинда Казиу (графики), Ивана Дишлијеска (мултимедиа), Елмендина Биба (активизам преку облека) и Уранија Дуноска (музика) под менторство на Ерзана Тала-информираат од СОУ ,,Нико Нестор“.
Додаваат дека работилницата имала за цел да им овозможи на учениците да научат и препознаат како со креативен и уметнички израз можат да ги артикулираат нивните ставови, сфаќања и (не)задоволства во општеството кое живеат.
 На настанот ,,Враќање во иднината“ учествуваа претставници од десет средни училишта.
Strugaonline

error: