Лев банер Десен банер

Ученичките Ема Шикулеска и Деспина Чакар од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга обезбедија пласман на регионалниот натпревар по физика

На 6 февруари 2026 година, во училиштето „Јахја Кемал“ – Струга се одржа Општинскиот натпревар по физика за ученици од основното образование, на кој младите таленти ги покажаа своите знаења и вештини од областа на природните науки.

Особен успех постигнаа ученичките од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга, Ема Шикулеска и Деспина Чакар од седмо одделение, кои освоија доволен број бодови за учество на регионалниот натпревар по физика. Со својата посветеност, труд и одлична подготовка, тие достојно го претставија своето училиште и покажаа висок степен на знаење и аналитичко размислување.

Зад нивниот успех стои и менторската поддршка од наставничката Елена Лотеска, која ги подготвуваше и насочуваше низ процесот на подготовките.

Упатени се честитки до ученичките и нивниот ментор, со желби за уште поголеми успеси и одлични резултати на претстојниот регионален натпревар.

StrugaOnline

error: