Лев банер Десен банер

Учениците од IV-то одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга денеска беа во посета на Општина Струга

Учениците од IV-то одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга денеска беа во посета на Општина Струга за да научат одблиску како функционира Општината и како се работи секој ден за нашиот град.
Децата слушаа внимателно, поставуваа умни прашања и нè потсетија колку е важно да градиме Струга што расте заедно со нив.
Нивните прашања беа искрени и полни со детска топлина, еве некои од нив:
 „Сакаме град без улични кучиња!“
 „Ќе изградите ли тротоари и патеки за велосипеди?“
 „Што ќе направите поразлично за нас, децата?“
 „Ќе има ли терен за лизгање во зима?“
 „Ќе има ли повеќе детски игралишта?“
 „Како подобро ќе се грижиме за хигиената во градот?“
 „Ќе се градат ли нови спортски терени?“
-Овие барања не се само желби тие се гласот на новата генерација, на децата кои сакаат Струга да биде почиста, побезбедна и поубава, а нам ни е огромно задоволство да им покажеме дека да, секој ден работиме за овие желби да станат реалност, велат од Општина Струга.
Додаваат дека ваквите средби нè потсетуваат зошто сме тука: да им изградиме на децата град каде што ќе сонуваат слободно, ќе играат безбедно и ќе растат со љубов

StrugaOnline

error: