Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга реализираа едукативна посета на Собранието на Република Македонија
Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга реализираа едукативна воннаставна посета на Собранието на Република Македонија.
Тие непосредно се запознаа со работата на законодавната власт, преку стручно водство, тие ги проширија своите знаења за улогата на пратениците, донесувањето закони и функционирањето на демократските институции. Посетата придонесе за развивање на граѓанската свест и интересот на учениците за општествените процеси, велат од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
StrugaOnline

