Со средства од Министерството за образование и наука, заврши реновирањето во внатрешниот дел од ОOУ ,,Јоспи Броз Тито” во Струга. Деновиве започна реконструкција на фасадата, а потоа ќе следува реконструкција на кровот. Со првата етапа, односно со реновирање на внатрешниот дел, овој училишен објект доби нова дограма и подови, а фасадата и покривот ќе бидат со топлинска изолација.
,,Проектот на МОН предвидува од септември, новата учебна година да започне во комплетно реновирано училиште. Освен средствата од Министерството за образование, за што сме многу благодарни, со средства од улиштето беше извршено бојадисување, реновирани се соблекувалните во мини салата, како и просторијата за технички персонал.,,-изјави за Strugaonline Лидија Гогоска, директор на ООУ ,,Јоспи Броз Тито” .
Свој допринос за новиот лик на училиштето има и Општина Струга, тие се погрижија за поплочувањето на училишниот двор и санирањето на дефектот со водоводот кој постоеше многу години и направи големи штети во приземјето на училишната зграда и го задолжи училиштето со милионски суми за вода.
Реконструкцијата на фасадата и кровот, како последна етапа, се очекува да бидат завршени до крајот на ова лето.
Strugaonline
Facebook Коментари