Учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ се победници на противпожарниот квиз-натпревар во Струга

- Локални
1784

Денеска во просториите на Противпожарниот Сојуз- Струга се одржа триесет и четвртиот Општински Противпожарен квиз- натпревар во кој учестуваа ученици од ООУ „Јосип Броз Тито „ од Струга под раководство на наставничката Климентина Нацева и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ исто од Струга, под раководсво на наставникот Фети Мета.

На крајот од Квиз – натпреварот , подобри беа учениците од ООУ „Јосип.Броз Тито“  кои заедно со учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ ќе ја претставуваат  Општина Струга на Регионалниот противпожарен квиз -натпревар што оваа година ќе се одржи во Гостивар.

Strugaonline

Facebook Коментари