На 14. Февруари 2025 година (петок), се одржа општински натпревар по биологија за учениците од основните училишта. Натпреварот се спроведе онлајн, каде учениците решаваат тест кој содржи 50 прашања, за време од 35 минути. Од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга, учество зедоа вкупно 21 ученик (10 ученици од VII одд. 6 ученици од VIII одд. и 5 ученици од IX одд.), предводени од двајца ментори: проф. Нела Најдоска Василевска и проф. Антонио Ќосески.

Следува регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 27. март 2025 година (четврток). Регионалниот натпревар исто така се спроведува онлајн, со 50 прашања повторно за време од 35 минути.
На општинскиот натпревар по биологија нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:
VII одд.
I награда: Деспина Чакар.
II награда: Ема Шикулеска, Петар Калајџиески, Гаврило Пејоски.
III награда: Јана Танеска, Елена Мангоска, Ема Митреска, Стефанија Чороска.
Пофалници: Борјана Тукулеска, Петар Анастасиески.
Ментор: Антонио Косески
VIII одд.
II награда: Марко Милески, Андреа Ноневска, Матеа Димовски.
III награда: Јаков Скепароски.
Пофалници: Ива Грујовска, Каја Коцареска.
Ментор: Антонио Косески
IX одд.
I награда: Марин Наумоски.
II награда: Сара Димовска, Ана Прентоска, Борјана Милеска.
III награда: Мирјана Стрезоска.
Ментор: Нела Надоска Василевска
StrugaOnline
Facebook Коментари