Лев банер Десен банер

Учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга со одличен настап на државното првенство во пливање за основни и средни училишта

Денес, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт – Куманово, се одржа Државното првенство во пливање за основни и средни училишта за учебната 2025/26 година.
Настанот се одржа на затворениот градски базен во Куманово, во одлична спортска атмосфера и со голема конкуренција меѓу најдобрите млади пливачи од целата држава.
Учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга постигнаа одлични резултати:
Деспина Чакар – трето место на 50 метри градно,
Матеј Лазарески – трето место на 50 метри слободно,
Мона Кукунешоска – второ место на 50 метри градно и второ место на 50 метри грбно,
Бона Кукунешоска – трето место на 50 метри градно.
Ментор: Бобан Илоски

StrugaOnline

error: