Учениците од СОУ „Нико Нестор“ во посета на Општина Струга

- Локални
1702

Вчера,  во посета на општина Струга беа учениците од СОУ „Нико Нестор “ Струга. Тие се сретнаа со градоначалникот г. Рамиз Мерко, Дашмир Насуфи и г-ѓа Соња Стојкоска.

Учениците имаа можност да се запознаат со работата на општината и нејзиното функционирање. Поставуваа прашања кон домаќините за нивните идни планови и се интересираа подетално за работата на различните сектори кои се во склоп на работата на општината.

„Општината е отворена институција која се труди да им излезе во пресрет на сите граѓани и да го слушне нивното мислење посебно мислењето од страна на младите кои го одржуваат позитивниот дух на нашиот град.“ – информираат од Општина Струга.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари