Училиштето „Јахја Кемал“ – Струга успешно ја заокружи учебната 2024/25 со низа меѓународни успеси

- Локални
180

Учениците од училиштето „Јахја Кемал“ – Струга уште еднаш покажаа дека знаењето, трудот и посветеноста се клучот за успех на меѓународно ниво. Со бројни учества и награди на престижни натпревари, ова училиште гордо ја заврши учебната година 2024/25.

Меѓу најзначајните постигнувања се издвојува учеството на Натпреварот Vilipo во Литванија, каде што учениците Дарјан Славковски и Михаела Бабаче освоија сребрен медал и достојно ја претставија својата школа и земја.

Исто така, голем успех беше постигнат и на International Greenwich Olympiad, која се одржа во Англија. Таму учениците Влера Хани, Селамие Усеини и Јонида Демири донесоа дома еден сребрен и два бронзени медали, потврдувајќи ја високата подготвеност и знаење што го стекнуваат во училиштето.

На престижниот натпревар Genius Olympiad во САД, учениците од „Јахја Кемал“ – Струга, Мерве Шкурче, Ана Стојаноска, Милица Кочовска , Михаела Бабаче и Дарјан Славковски се закитија со бронзени медали и добија бројни сертификати и пофалници, што е дополнителна потврда за нивната креативност и иновативност.

Посебно внимание заслужува и учеството на IFLC Song Contest во Германија, каде што ученичката Исидора Митревска успешно го претстави училиштето и Република Македонија, носејќи гордост на целиот тим и заедницата.

Училиштето „Јахја Кемал“ – Струга им посакува на своите ученици уште многу вакви успеси и во иднина и ги мотивира сите да продолжат да сонуваат и да ги освојуваат светските сцени.

StrugaOnline

Facebook Коментари