УХМР-До четврток променливо облачно време со повремен дожд и посвежо

- Локални
187

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, iинформираат од УХМР.

Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Facebook Коментари