Нивото на Охридското Езеро е под просекот за месец мај, покажуваат податоците според мерењата на Хидролошкото одделение на Управата за хидро метеоролошки работи.
Во моментов нивото е 26 сантиметри над нултата кота, која изнесува 693, 17 метри надморска височина. Инаку, просекот за овој период од годината, треба да изнесува 49 сантиметри на нултата кота.
извор: УХМР
Facebook Коментари