Лев банер Десен банер

УХМР: Следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Под влијание на циклонска активност од исток, следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: