УХМР со најава: Силен ветер, пообилни врнежи од дожд, на планините и повисоките места од снег

- Локални, Македонија
254

Од утре до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 л/м²) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места.

На планините и повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер (и над 70 km/h).

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари