УХМР со најава за променливо облачно време со врнежи од дожд и засилен ветер
Под влијание на влажна воздушна маса, денес попладне, во текот на ноќта и утре, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 15 л/м²) и со можност за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60 км/ч), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, додека нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и за време на викендот.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

