УХМР со најава за топлотен бран до средината на следната седмица
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

