За анализа на хидролошките карактеристики на Охридското Езеро се користат податоци од водомерната станица во Охрид чија локацијата е во близина на Охридското пристаниште. Нејзината нула е поставена на кота 693,17m.
Апсолутно забележаниот максимум кај Охридското Езеро бил регистриран на 22 февруари 1963 година со H = 142cm, додека апсолутен забележан минимум H = -17cm (или кота 693.00 m), е регистриран на 29 октомври 1990 година. Апсолутната амплитуда изнесува 159cm. Дозволениот минимум на нивото на езерото е со водостој од H=-7 cm (или кота од 693.10 m).
Сосотојбата на водосотојот се следи со секојдневно мониторирање на промените на нивото во однос на водомерната летва (со набљудувач), но и дополнително со автоматскиот инструмент кој податоците ги доставува на интернет. За информација има поставен дисплеј во близина на станицата кој е новина во нашиот мониторинг систем и преставува новитет во начинот на информирање.
Во изминативе две недели се вршат проверки на квалитетот на мерењата како на дисплејот, така и на автоматската станица во споредба со измерениот од страна на нашиот набљудувач. Од проверките е установено дека нивото на водата презентирана на дисплејот е со разлика од 13 cm во однос на податоците од набљудувачот, имено денеска измерениот водостој од страна на набљудувачот изнесува -3 cm, а на панелот биле забележани -0,16 m. Во исто време ја бележиме и разликата на температурата на водата која измерена на станицата од страна на набљудувачот била 5.0 oC , а на дисплејот била околу 1 oC.
м-р Васко Стојов дипл.град.инж.-хидро
Раководител на Одделение за хидрологија на површински води
Facebook Коментари