Улицата „Партизанска“ ќе биде затворена за сообраќај поради настани поврзани со Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“

- Локални
120

На 23.8. 2025 година во 12:00 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на активности поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Традиционално на 24.8.2025 година со почеток во 20:30 часот ќе се одржи „Мостови“, меѓународно поетско читање и врачување на наградите „Златен Венец, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови“, стои во информацијата од СВП.

Оттаму додаваат дека за ова планирано затворање изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.

StrugaOnline

Facebook Коментари