Уметникот Горан Ристовски од Струга е автор на муралот ,,Лицето на зборовите“ изработен во Демир Хисар од северната страна на Домот за култура „Илинден“, за кој што имаше објавен конкурс за проект од страна на Министерство за култура „Цртај на македонски јазик“.
Муралот е комбинација од портрет на поетот, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски и извадоци од цитати од негови дела. Не случајно овој мурал е замислен да биде реализиран токму во Демир Хисар затоа што Петре М. Андреевски потекнува од тие краишта поточно од с. Слоештица во близина на градот.
,,Изработката на овој мурал траеш три дена, секако по претходно конципирање на идејата, скицирање кое траеше подолго време. Ликот и делото на Петре М. Андреевски се од огромно значење за Македонија а особено за неговиот роден Демирхисарскиот крај, с.Слоештица. Со овој мурал сакам да го нагласам неговото значењето и почесно да се повикуваме на неговите вредности кои што ги пренесувал низ неговите дела. Посебно сум горд што го направив и првиот мурал воопшто со поголеми димензии во Демир Хисар, одлично ми помина и соработката со директорот на Домот на култура, деновите додека траеше процесот на сликање лично ја почувствував позитивната реакција од луѓето во градот, што многу ми значеше. ,, – изјави Горан Ристовски за Play radio и Strugaonline
Реализацијата на овој проект е во соработка со Домот на култура „Илинден“ од Демир Хисар.
Strugaonline
Facebook Коментари