Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, на 5 јуни беше домаќин и организатор за 26 здруженија на пензионери на Македонија, кои беа најдобри на Регионалните ревии од осумте региони во државава, кои се одржа во последниве два месеци.
На оваа 15-та Републичка ревија на песна, музика и игра, која се одржа во Домот на АРМ Скопје, струшките распеани пензионери предводени од пензионираниот професор по музика Арѓил Мукоски-Рашо се претставија со едно оро „Шета мома по полјана“ кои беа бурно наградени со аплаз од многу бројната публика, за успешен настап, што потврди претседателката на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова, која и ја отвори 15-тата Ревија на песна, музика и игра и по завршувањето на ревијата на самата дружба на претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски им додели Признание за особен придонес и успешен настап.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline
Facebook Коментари