Бистра Кумбароска, основач на „Heartbeats Innovation & Communication“ и потпретседателка на Националниот стартап совет на Фондод за иновации и технички развој е избрана за една од 100-те највлијателни жени во социјалното претприемништво според „Euclid Network“ .
Heartbeats Innovation & Communication (https://www.weareheartbeats.com/) е консултанстка компанија формирана во 2015тата година, и од тогаш до денес функционира како социјален бизнис, со седиште во Љубљана и Виена.
,,Како што кажува самото име, ние се фокусираме на активности кои доаѓаат од срцето, а истовремено, ги менуваат типичните трендови на донации, филантропија и одговорност во компаниите. Нашата работа е посветена на подддршка и развој на иновации и комуникацијата како еден од основните процеси за правење добро и добро работење во светот во кој живееме. Нашиот тим може да помогне како да бидете дел од добрата економија и иновативниот активизам, и работиме со клиенти од целиот свет, со особен фокус на Централ и Источна Европа, Јужна Африка и Источна Азија.,,- информира Кумбароска за Strugaonline и Play radio.
Патот кон успехот на Бистра, почнува од детството, од претставите за светот кои ги учиме од своите родители и опкрожувањето
,, Од многу мали нозе бев опкружена со светот на бројките и светот на зборовите. Мојата мајка беше долгогодишен финансов менаџер на Хотел Дрим, една од најуспешните жени менаџери во Македонија, додека мојот татко беше еден од круцијалните двигатели на поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата, богат уметник и автор на над петнаесет книги. Многу долго во животот мислев дека овие два света не може да се комбинираат, и до мојата 25та година се трудев да изберам еден свет, но преку студиите во Словенија успеав да научам многу нови видови на економија, нови видови на менување на светот и тоа ми покажа дека секоја визија и сон вреди да се следат. Моите очекувања на почетокот на мојата кариера беа амбициозни, но и многу едноставни. Сакав да работам нешто кое ќе ми додава значење на мојот живот, а не да ми го одзема истото. И преку трудот и мојата упорност, успеав да го најдам, креирам и овозможам тоа и за други луѓе. “ – раскажува Бистра.
Зборувајќи за нејзината успешна бизнис приказна, не зборуваме само за фактот дека човек доколку е посветен на работата може да постигне се што сака, Бистра е жив пример за сето она кон што се стреми општеството во денешно време и во секоја земја- да докаже дека жените можат да бидат многу успешни претприемачи.
– Историски гледано, доаѓаме од една култура која не е многу претприемачка, а уште помалку дава потпопа за жените да се откриваат и реализираат себе си во некоја друга форма која не вклучува да бидат родители или мајки. Таа историска компонента е многу битна за да се сфати контекстот во кој живееме – но не за да се прифати истата, туку за да се менува. И таквите промени веќе се видливи, особено во поголемите градови низ државава. Дали женско претприеништво или женски активизам, секоја форма која и пркоси на тој традиицонален поглед на светот, е исклучително битна. На системско ниво, гледаме институции како Фондот за иноваации и технолошки развој, но и други, кои се посебно заинтесирани за поддршка на женското лидерство и претприемништво и се трудат да позиционираат многу женски примери на иноватори низ нивните кампањи. Промоцијата на женските примери е круцијална и сметам дека имаме уште многу работа на ова поле.- објаснува Кумбароска која ги мотивира сите амбициозни жени да напредуваат.
Бистра Кумбароска е меѓународно препознаена жена-претприемач, социјална иноваторка и поетеса која поддржува поединци, организации и компании во Европа, Африка и Азија, во нивното пронаоѓање и зголемување на своето позитивно влијание на општеството и околината. Нејзината страст за комбинирање на добродетелството и претприемништвото почнува уште за време на студентските години во Скопје, каде станува активен член и ко-основач на меѓународната мрежа за млади, Младиинфо. Од 2010та година, Бистра се сели во Словенија, од каде започнува со редица образовни патувања низ Европа, Африка и Југоисточна Азија. Во соработка со Обединетитети Нации, Европската комисија, УНИДО и други меѓународни мрежи, Бистра се посветува на креирање различни социјални иновации и развој на регионалните екосистеми на Западен Балкан, Централна Европа, и Потсахарска Африка. Благодарение на искуствата со Импакт Хаб мрежата и Глобалната мрежа за социјални претприемачи од Англија, Бистра успева да работи на над 50 социјални иновации низ Европа, со особен фокус на градење нови бизнис модели и импакт инвестирање. Досега, Бистра учествувала во креирањето и ширењето на 6 меѓународни мрежи поврзани со социјални иновации, ко-основач е на 5 социјални бизниси и своето искуство го споделила на повеќе од 189 меѓународни настани и конференции. Во моментот, Бистра е препознат консултант за социјални иновации и одговорно претприемништво, со живеалиште во Виена и Љубљана од каде ја води и својата агенција за промени, Heartbeats Innovation & Communication. Во слободно време пишува поезија, и автор е на стихозбирката „Ти не сакаш поезија“.
Strugaonline
Facebook Коментари