Успешно третиран пациент од Полска во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија Струга
Во рамките на програмата Holiday Dialysis, ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија Струга, пречекаа пациент од Полска, кој беше третиран со хемодијафилтрација, метода која од неодамна успешно започна да се применува и во ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија Струга.
Тој ја изрази својата благодарност за професионалноста, љубезноста, грижата на медицинските сестри и целиот медицински персонал, истакнувајќи дека повторно ќе се врати за да го доживее не само квалитетниот третман, туку и убавината на нашето езеро кое го придружуваше во секоја сесија на хемодијализата.-Ова е драгоценa оценка за нашата работа и голема мотивација да продолжиме по вистинскиот пат. Веруваме дека здравствениот туризам е вистинска можност за развој на нашиот град и секогаш ќе го даваме максимумот за нашите пациенти да се чувствуваат како дома. Здравјето и благосостојбата на пациентите, без разлика од каде доаѓаат, останува наша главна мисија, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија Струга.
StrugaOnline

