Успешно завриши реализацијата на проектот „Од нас за нашите врсници во OОМУ- Струга и ДСУ,,Тодор Скалоски – Тетоец“

- Локални
595
Денеска успешно беше реализиран проектот „Од нас за нашите врсници во OОМУ- Струга и ДСУ “Тодор Скалоски – Тетоец“ спроведен од Здружение Аква – Струга, а поддржан од IOM Меѓународна организација Македонија, и сектор за образование при Општина Струга.
Во склоп со овој проект, беше уреден дворот на училиштето и поставени беа: 5 клупи за седење, 3 корпи за отпад, посадени беа 130 садници и офарбани беа оградите и портите на училиштето.
Дополнително, донирани беа и музички инструменти и тоа: 2 виолини Straus Rottman ¼, 9 виолини Straus Rottman ½, 1 сет percussion Flight FPS-10, 2 сета металофон Flight FM-25, 1 акустчна гитара Flight D-225, 1 флејта Flight FFl-202 и 1 кларинет Canorus CL-501.-информираат од Општина Струга.
Целта на проектот е обезбедување на локална соработка и унапредување на условите во локлната заедница.
Од Општината додаваат дека и во иднина  ќе продолжат со соработка за подобрување на условите во образовните институции на локално ниво.
Strugaonline

Facebook Коментари