Утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга во 20:00 часот ќе биде одиграна праизведба на драмската претстава „Парите се отепвачка“, во драматизација и режија на Ристе Миладин. Улогите ги играат членовите на драмското студио „Миладин“:
Митре селанец – Ристе Миладин, Мара негова жена – Бранкица Петковска, Ангеле нивни син – Милан Блажески, Кате нивна ќерка – Маја Ристеска, Софре маж на Кате – Бојан Крстески, Ана ќерка на Кате и Софре – Марија Блажеска, Коте пријател на Митре – Даниел Спироски, Депа жена на Коте – Мила Бојческа, Панде кираџија – Имер Асоски.
Цената на влезниците е 150 денари.
Strugaonline
Facebook Коментари