Утре голема еко-акција во Радожда

- Локални
71
Од клубот за подводни активности „Норкач“ Струга известуваат дека утре ќе има голема еко-акција во Радожда.
Известуваат дека интересот за годинашната еко-акција е на рекордно ниво, потврдено е учество од сите поголеми клубови за подводни активности од Македонија, како и гости од соседните земји кои ќе се придружат во оваа заедничка мисија за почисто Охридско Езеро.
Настанот ќе се одржи  утре со почеток во 10:00 часот во с. Радожда.

-Очекуваме прекрасен ден исполнет со другарство, еколошка свест и акција, да покажеме уште еднаш дека заедно можеме да направиме разлика, велат од клубот за подводни активности „Норкач“ Струга.
StrugaOnline

Facebook Коментари