Утре ќе биде осветувањето на црквата Св. Петка во Радожда

- Локални
267

Од Црковниот Одбор Радожда излегоа со соопштение каде се покануваат верниците на свечено осветување на црквата Св. Петка во Радожда, што ќе се одржи утре 18 мај 2025 година.
Овој настан претставува важен момент за селото Радожда и зачувување на верата и традицијата.
-Ќе ни биде чест да присуствувате и заеднички да го одбележиме овој свечен чин. Во оваа прилика ќе биде отворена можност за доброволни донации за здравје. Сите собрани средства ќе бидат наменети за потребите на црквата. Да покажиме уште еднаш дека Радожда знае да биде обединета кога е најпотребно, велат од Црковниот Одбор Радожда.

StrugaOnline

Facebook Коментари