Општина Вевчани информира дека по повод ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2018-та утре во ресторан „Пелистер“ во Скопје со почеток во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција.
На прес-конференцијата ќе бидат презентирани програмата и гостите на претстојниот Вевчанскиот Карневал – една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во нашата земја, а ќе учествуваат дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинашното издание и Градоначалникот на општина Вевчани, господин Сашо Јанкоски.
Strugaonline
Facebook Коментари