Утре ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца ,,Струга 2023″, публиката ќе може да донира за Бојан Крстески
Утре во големата сала на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ со почеток во 12:00 часот по тринаесетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца ,,Струга 2023″.

Оваа година на фестивалот ќе настапат учениците од Основното музичко училиште ,,Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга, бендот Last of us составен од Александар Хиохи, Георгина Јанкоска и Величе Затуроски. Ќе настапат и дел од учесниците на детскиот фестивал ,,Распеано рибарче и К2 Sвездички“ од Охрид, ,,КУД Шпреса од Велешта, КУД ,,Делогожда“ и Луеса Рушани и Дилара Реџепи со детски песни.
Организатор на фестивалот е Центарот за култура во Струга, а истиот има хуманитарен карактер со поставени кутии за донации за собирање средства за лекување на Бојан Крстески, член на Драмското студио ,,Миладин“ од Струга.
Влезот е 50 денари.
Strugaonline

