Од соборниот храм “Св. Ѓорѓи” Струга информираат дека летната Пасха – Успението Богородично оваа година ќе се прослави на нашето древно струшко светилиште кај Параклисот Воведение Богородично. Со тоа ќе се заокружи богослужбите во месецот посветен на Божјата Мајка – август.
-Ве повикуваме сите заедно да ја прославиме Божјата Мајка, онака како што доликува на нејзините верни чеда. Оваа година нашата должност кон неа е уште поголема, бидејќи таа после долго време нѐ собра повторно онаму каде што со векови се прославувала таа како Богомајка и Родителка на нашиот Господ, велат од соборниот храм св. Ѓорѓи Струга.
Празнична Утрена 08:00 часот, Света Божествена Литургија 09:00 часот
StrugaOnline
Facebook Коментари