Утре сите заедно ќе трчаме за Кочани

- Локални
111

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуропхаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани.

Утре, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани.

„СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност.

Пријавувањето е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна.

На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница.

Утре, 25 мај 2025 година, поради одржување на хуманитарната трка „Сите за Кочани трчаме заедно“, ќе биде воведен времен прекин на сообраќајот во централното градско подрачје на Струга, во периодот од 08:00 до 12:00 часот.

Во наведениот термин ќе бидат затворени улиците 15-ти Корпус (целата) и ул. Партизанска.

Организаторите апелираат до сите учесници во сообраќајот за разбирање и почитување на привремените мерки, со цел безбедно и непречено одвивање на настанот. Возачите се замолуваат навреме да ги прилагодат своите рути.

StrugaOnline

Facebook Коментари