Утре Струга и Охрид ѓе бидат дел од Саемот за туризам во Тирана

- Локални
1070

Шест ко-изложувачи од Македонија, хотелиери и угостители утре и задутре учествуваат на Саемот за туризам во Тирана.

Саемот е од затворен карактер, само за средби меѓу приватниот сектор, не и за посетители, а учеството на македонската делегација го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Земјава во Тирана се претставува втора година по ред, но првпат учествуваат и две општини, Охрид и Струга.

Facebook Коментари