Лев банер Десен банер

Утре традиционално есенско искачување на Стрижак

Планинарско и еколошко друштво „Гороцвет на Јабланица“ од Подгорци организира традиционално есенско искачување на врвот Стрижак, кое ќе се одржи утре, 3 октомври.

Збирното место за учесниците ќе биде на Лабунишките бачила, кај последната викендичка кон врвот, а тргнувањето кон Стрижак е предвидено во 9:00 часот.

Планинарската маршрута ќе се одвива по патеката Лабунишки Локви – Лабунишки Бачила – врв Стрижак, а планираното времетраење на турата е околу четири часа.

За поспремните планинари, доколку условите и можностите на групата го дозволуваат тоа, предвидена е можност за продолжување кон Подгоречко Езеро, со обиколка, што би ја продолжило турата за дополнителни околу час и половина.

Од организаторите ги повикуваат сите заинтересирани учесници да понесат комплетна планинарска опрема и доволно храна, како и најмалку еден литар вода.

Од друштвото нагласуваат дека секој учесник учествува на сопствена одговорност и по сопствена одлука, а воедно апелираат планинарите да се движат заедно, со меѓусебна грижа, дружење и уживање во природата.

„Со планинарски поздрав“, од Планинарско и еколошко друштво „Гороцвет на Јабланица“ – Подгорци ги повикуваат љубителите на планината да бидат дел од уште едно есенско дружење на Јабланица.

Контакт: Прим. д-р Оливер Бојчески – 070 466 558.

StrugaOnline

error: