Во организација на ПК „ АКВАСПИРИТ” утре во Охрид ќе се одржи „ОВФ пливачки митинг” (Ohrid Water Festival Swimming Meet) кој е дел од Ohrid Water Festival, под покровителство на општина Охрид. До моментот на испраќање на ова соопштение, организаторите имаа пријави на над 150 пливачи.
,,Она на што сме особено горди е фактот што имаме пливачи од три клубови од р.Србија, по еден клуб од Косово, Албанија, и Велика Британија. Вкупно имаме пријави од 15 клубови и школи. На митингот натпреварувачите имаат можност да настапат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории. Исто така на митингот ќе има и ревијална трка со даски за дечиња и ревијална трка за возрасни (рекреативци) на 50 метри слободен стил.“-информираат од ПК „ АКВАСПИРИТ” .
Натпреварувањето е поделено во два дела и тоа утрински 08:00-12:00 и попладневен 16:00-19:00 часот. Самото натпреварување е организирано согласно правилата на НПФ (Национална пливачка федерација), LEN и World Aquatics. Настанот ќе се оддржи на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи” во склоп на СРЦ „Билјанини извори” – Охрид. Секој е добредојден.
Strugaonline
фото:архива
Facebook Коментари