Утре во Охрид реприза на претставата „Балканска 3а/2“

- Локални
736

Утре со почеток во 20:00 часот, на репертоарот на охридскиот Народен театар репризно ќе биде изведена претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски и Никола Тодоровски.

Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. Претставата е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење; „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Strugaonline

Facebook Коментари