Лев банер Десен банер

Утре во Подгорци по повод празникот Свети Јован Владимир ќе се одржи Света Божествена Литургија

Утре, 04.06.2025 година (среда), по повод празникот Свети Јован Владимир, во црквата Свети Јован Владимир во Подгорци ќе се одржи Света Божествена Литургија и водосвет, со што достојно ќе се одбележи овој значаен ден.

Оваа година, за нас има уште едно големо значење — се навршуваат 100 години од изградбата и осветувањето на храмот, јубилеј кој со благодарност и молитва ќе го прославиме заедно, велат организаторите.

Свети Јован Владимир, славниот православен маченик и владетел, познат по својата благочестивост, праведност и маченичка смрт во Христа. Тој е симбол на христијанската верност, љубовта кон народот и верата, и се вбројува меѓу најпочитуваните светители во нашиот народ.

Светата Божествена Литургија ќе започне во 08:30 часот, по што ќе следи водосвет и пригодна празнична прослава.

Организаторите ги покануваат сите верници да земат учество во ова молитвено и духовно торжество, Христос посреде нас.

StrugaOnline

error: