Утре во противпожарната единица -Струга ќе се одржи првата теоретска обука за доброволни пожарникари

- Локални
370

Во организација на Доброволното противпожарно друштво-Струга, утре, (недела,24-ти јули)  во 10:00 часот, во просториите на противпожарната единица -Струга ќе се оддржи првата теоретска обука, по што следува практична обука и спроведување на курсот според програмата за доброволни пожарникари на Македонија.

Од струшкото противпожарно друштво информираат дека се во тек уписите за сите кои се заинтересирани да се зачленат, а треба да бидат на возраст од 18 до 50 години.

Strugaonline

Facebook Коментари