Утре во Струга ќе се одржи буџетски форум

- Локални
733

Центарот на заедницата на Општина Струга во соработка со Општина Струга организира буџетски форум. Настанот ќе се одржи утре, (26.12), со почеток во 15:00 часот во салата на Советот на Општина Струга.

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината. На овој форум ќе бидат презентирани програмите и проектите на Општина Струга кои што е предвидено да се реализираат во текот на 2019-та година како и фнансиските средства потребни за нивна реализација.

На настанот ќе можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Strugaonline

Facebook Коментари