Лев банер Десен банер

Утре во Струга ќе се одржи Државно училишно првенство во веслање

Утре во Струга ќе се одржи Државно училишно првенство во веслање во организација на Сојузот на училишен спорт и Веслачката федерација на Република Македонија. Натпреварите ќе се одржат на регатната стаза „Женска Плажа“ во категории „Скиф“ и „Ергометар“ за сите ученици од државните и приватни, основни и средни училишта во државава.

-Идејата да се иницира организирање на ваков настан во Струга дојде сосема природно бидејќи повеќето клубови на федерацијата егзистираат и функционараат на самото Охридско Езеро, од друга страна целта на првенството е да се поттикне формирање на училишни екипи кои понатаму ќе функционираат и подготвуваат за натпревари, а зошто да не во иднина и да се организира сериозен спортски настан пандан на големата веслачка трка која традиционално се одржува меѓу екипите на едни од најеминентните светски универзитети- Оксфорд и Кембриџ, вели претседателот на Веслачката федерација на Македонија, г-дин Коста Хиохи.

StrugaOnline

error: