Утре во Струга ќе се одржи мирен протестен марш поради „неправдите во судските процеси“
До нашата редакција стигна известување дека, заедница на граѓани од Струга, заедно со колеги, лекари и поддржувачи на правдата, ќе организира мирен протестен марш поради континуираните неправди во судските постапки, вклучително и последниот случај со д-р Мухамед Асани.
Како што велат организаторите, целта на маршот е подигање на јавната свест и реакција против нефер практики, непристрасноста и неправичниот третман на здравствени работници и граѓани во Основниот суд Струга.
Маршот ќе се одржи во вторник 02.12.25 во 12:00 часот, со поаѓање од влезот на Струшката болница и продолжување кон центарот на градот.
StrugaOnline

