Утре во Струга ќе се одржи Првиот Меѓународен самит за фотографи и видеографи

Од утре 11-ти април па до четврток 13-ти април во Струга, професионални фотографи од неколку земји од светот ќе учествуваат на Првиот Меѓународен самит за фотографи и видеографи, во кој ќе има учесници од Полска, Тајван, Франција, Русија, Португалија и домаќинот – Македонија.
Првиот Интернационален Самит за Фотографи и Видеографи е единствениот регионален собир, чија цел е да ги обедини професионалните фотографи и видеографи, како и останатите што размислуваат професионално да се занимаваат со фотографија или видеографија, на тридневниот едукативен настан во Струга.
На семинарот главна тема на обработка ќе биде отворената дискусија за паралелата меѓу уметничката фотографија и колку преку оваа дејност може да се основа сопствен бизнис. Учесниците ќе можат да научат нови техники и нови начини на пристап при фотографија. Ќе има и промоција на нови производи од фотографијата, видеографијата и дигиталните медиуми.
Предавачи ќе бидат познати имиња од светот на фотографијата, Грег Момен – Полска, Хуанг Сусу – Тајван, Дејвид Брено – Франција, Дмитри Усанин – Русија, Серџо Дуарте – Португалија, од Македонија ќе предаваат Роберт Атанасовски, Бојан Митковски и Томислав Георгиев.
Извор: StrugaOnline

