Лев банер Десен банер

Утре во Струга ќе се одржи традиционалната Ѓурѓовденската литија

Утре во Струга ќе се одржи традиционалната Ѓурѓовденска литија.

 Во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј  со почеток во 16:00 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

После завршувањето на вечерната и панихидата, од 17:00 часот следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.

– Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј, велат од Бигорскиот манастир.

Според најавената програма, на крај на Струшката Еордија во дворот на  храмот „Св. Георгиј “ ќе следи културно-уметнички настан со настап  на ансамблот „Македонија“.

error: