Филмот ,,Што е тоа жена?“ на Мет Волш утревечер ќе се прикажува во Мезебар Барабар со почеток во 19:00 часот.
Станува збор за филм кој е поврзување на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува современата тема околу правата на жените, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж.
Прикажани се повеќе интервјуа со најразлични профили на луѓе – професори, доктори, психијатри, психолози и сл., кои кажуваат свое видување на прашањето што е тоа жена.
Филмот пред македонската публика го носат Коалицијата за заштита на децата и Елеуса Фондација.
Strugaonline
Facebook Коментари