Утре во Струга ќе се врши запрашување против комарци

- Локални
864

Oпштина Струга преку соопштение за јавност ги информираше  граѓаните и пчеларите дека на подрачјето на општина Струга на ден 05.07.2018 година (четврток) ќе ce спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.

„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.“ – се вели во соопштението од прес-службата на Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари