Утре во Струга настан за запознавање на локалното население со состојбата со дивите сечи во регионот

- Локални
591

ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии организира локален настан за презентација на наоди од истражување во рамки на проектот „Спротивставување на корупцијата во животната средина на локално ниво: Откријте, анализирајте, зајакнете!“, поддржан од Глобалната иницијатива за борба против транснационален организиран криминал и Фондот за отпорност.  Настанот ќе се одржи на 16 декември (среда) со почеток од 12:00 часот во хотел Мираж – Струга.

-Целта на настанот, освен презентација на постоечките наоди, е заеднички да ги продскутираме предизвиците и ризиците за заштита на животната средина со кое се соочуваат граѓаните и институциите на локално ниво.-информираат од ЕВРОТИНК.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за безбедност и заштита од ширење на COVID-19.

Strugaonline

Facebook Коментари