Утре во Струга реприза на комедијата „Економската криза на сцена“ на драмското студио „Миладин“

- Локални
482

На барање на публиката, драмското студио „Миладин” ќе ја реприза комедијата “Економската криза на сцена”, што премиерно беше изведена на 15-ти октомври.

Претставата повторно ќе може да ја погледнете утре,  сабота, 5-ти ноември со почеток во 19:00 часот

– Светот го зафати сериозна економска криза и скоро да нема човек кој не е загрижен заради тоа. Но благодарение на драмското студио „Миладин”, оваа сабота ќе можеме накратко но убаво да се насмееме на целата економска криза гледајќи ja на театарска сцена. Не одете во аптека по диазепам. Дојдете на претстава. Диазепамот е поскап и штетен, а смеата и доброто расположение со оваа претстава ви се загарантирани, без никакви нуспојави, порачуваат од Драмското студио „Миладин“.

Претставата ќе се одигра во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Билетите се  по цена од 100 денари.

Facebook Коментари